Достапни линкови

logo-print

Богов: Можен помал економски раст и поголеми камати


Народната банка на Република Македонија внимателно ги следи сите движења во економијата во последните неколку месеци по настанувањето на политичката криза и реакцијата и мерките што ќе ги преземе ќе бидат во согласност со остварувањето на основите цели на НБРМ - задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор.

Ова го истакна денеска гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов на седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. - Во нашето основно макроекономско сценарио ја задржавме проекцијата за раст годинава од 4,1 проценти и 4,5 проценти наредната година. Но, сега кога ќе се менуваат работите во економијата по нашето основно сценарио може да дојдеме во ситуација целиот наш фокус да биде насочен на задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор при што нема да имаме простор да го поддржиме економскиот раст, рече Богов, додавајќи дека инструментите со кои би го сториле тоа е преку затегање на монетарната политика што би значело зголемување на каматните стапки и за бизнисите и за граѓаните.

„Ценовната стабилност ќе биде задржана, курсот на денарот во однос на еврото ќе биде задржан и ние ќе направиме се што е во наша моќ за да биде задржана стабилноста на банкарскиот сектор, но цената ќе ја платиме сите со тоа што ќе плаќаме поголеми камати и ќе имаме помал раст во економијата“, рече Богов.

XS
SM
MD
LG