Достапни линкови

Обвинителството завршило со распитот на осомничените


Надлежниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција утрово завршил со распитот на членовите на терористичката група.Осомничените, како што соопшти обвинителството, се теретат за сторени кривични дела „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” и „Здружување заради непријателска дејност“, а дел од групата и за кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Во текот на вчерашниот ден, надлежниот обвинител извршил увид на местото на настанот во Куманово, во населбата „Диво насеље” и прибрал докази, кои смета дека ќе бидат од значајна корист во понатамошната истражна постапка. Триесет членови на терористичката група беа уапсени по нападот.

XS
SM
MD
LG