Достапни линкови

logo-print

Утре со цвеќе пред Влада за загинатите полицајци во Куманово


Околу стотина граѓани и активисти попладнево одржаа дискусија во Градскиот Парк во Скопје, каде се договорија утре во 18 часот да се соберат на мирен собир пред Владата и со цвеќе да им оддадат почит на загинатите полицајци во судирите во Куманово. Тие денеска дискутираа за следните нивни активности и протестни барања, кои во изминативе денови беа фокусирани против полициската бруталност. Беа истакнати повеќе ставови и идеи, но генерално тие беа согласни околу барањата за оставка на Владата, за одговорност за случајот за убиството на Мартин Нешкоски пред четири години и оти протестите не треба да запрат.

XS
SM
MD
LG