Достапни линкови

logo-print

Демонстрантите се упатија пред Јавно обвинителство


Демонстранти се упатија на протести пред Jавното обвинителството откако полицијата не им дозволи да протестираат пред Владата. На чело на колоната е братот на Мартин, Александар Нешкоски. Тие им довикуваат на полицајците - Како ќе не погледнете утре во очи, кога вашите налогодавачи ќе завршат во затвор? Им викаат и „Дојдете со нас“ и „Ние ве плаќаме“, а ги понудија и со бомбони. И денеска, како вчера на почеток на протестите полицијата ги блокира сите пристапи до владата и не им дозволува на стотината демонстрантите воопшто да се приближат до владината зграда. Демонстрантите велат дека на ваков начин им се ускратува правото на протест, кое е уставно загарантирано. Бројот на демонстранти постојано се зголемува и сега има над илјада. Тие бараат одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски пред четири години во Скопје.

XS
SM
MD
LG