Достапни линкови

Американските власти ја проширија истрагата за нападот во Далас


Американските власти соопштија дека агенти на ФБИ вршат претрес на стан во Феникс во јужната држава Аризона, како дел од истрагата за претсрелката во близина на Далас. Во нападот беа убиени две вооружени лица откако отвориле оган надвор од местото каде што се одржувал натпревар на карикатури на Пророкот Мухамед. Медиумите јавија дека едниот напаѓач, во чија сопственост бил станот во Феникс бил познат на властите и бил осуден пред неколку години дека ги лажел федералните агенти за неговите планови за патување во Африка со цел да се приклучи наводно на терористичка група.

Властите соопштија дека двете лица од автомобил почнале да стрелаат врз припадници на службата за безбедност, по што полицијата возвратила на огнот. Иницијативата за одбрана на американската слобода го организираше натпреварот.

XS
SM
MD
LG