Достапни линкови

Убиени цивили во воздушните напади во Сирија


Во вчерашните воздушни напади на коалицијата преводена од САД во провинцијата Алепо во северна Сирија загинале 52 луѓе, меѓу кои и деца, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Организацијата денеска соопшти дека по грешка биле нападнати цивили во село на источниот брег на реката Еуфрат и оти биле убиени членови на најмалку шест семејства. Најмалку 13 луѓе се исчезнати. Овие информации не може да бидат потврдени од независни извори. Меѓународната коалиција предводена од САД од септември минатата година бомбардираат цели на Исламската држава во Ирак и во Сирија.

XS
SM
MD
LG