Достапни линкови

Нигериската војска спасила 234 девојчиња од Боко харам


Нигериската војска спасила уште 234 девојчиња и жени од шумско упориште на Боко харам на североистокот на земјата. Со тоа бројот на спасени жени оваа недела надмина 677. Армијата распоредува копнени сили по неколкунеделното бомбардирање на упориштата на исламистичките бунтовници во Шумата Самбиса. Дел од жените биле убиени, затоа што милитантите од Боко харам ги користеле како жив штит.

Амнести интернејшнал проценува дека од почетокот на минатата година милитантите киднапирале повеќе од две илјади девојки и жени.

Во бунтот на Боко харам во изминатите шест години загинале повеќе од 13 илјади луѓе, а околу 1,5 милиони луѓе ги напуштиле своите домови поради насилствата.

XS
SM
MD
LG