Достапни линкови

За Назарбаев гласале над 97 проценти од Казахстанците


Централната изборна комисија на Казахстан објави дека претседателот Нурсултан Назарбаев го добил и петтиот мандат, освојувајќи 97,7 насто од гласовите на вчерашните претседателски избори. Со острата политика спрема опозицијата и цврстата контрола врз медиумите во оваа централноазиска земја, 74-годишниот Назарбаев, кој е на власт повеќе од 25 години, се очекуваше дека лесно ќе го освои и петтиот мандат. Централната изборна комисија соопшти дека на изборите излегле рекордни 95,11 проценти од гласачите.

Неговите двајца противкандидати биле провладини луѓе и не биле познати во јавноста, а нивното учество во изборната трка било оценето како добивање илузија на изборен натпревар.

XS
SM
MD
LG