Достапни линкови

Јанкулоска-Да не се потценува сериозноста на нападот во Гошинце


Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека не треба да се потценува сериозноста на она што се случи во Гошинце. Таа по денешната дебата во Советот на Град Скопје воедно им порача на граѓаните дека службите надлежни за нивната безбедност ја вршат својата работа и соодветно реагираат. Според неа, се преземаат бројни истражни дејствија, но земајќи ја предвид сериозноста на случајот, проценка на обвинителот и на МВР е дека објавувањето делови од истрагата во оваа фаза би можело да наштети на нејзиното продолжување.

На прашањето на новинарите каква е соработката со косовската полиција за случајот во Гошинце, Јанкулоска посочи дека МВР веднаш иницирало средба на високо полициско ниво при што биле разменети информациите.

XS
SM
MD
LG