Достапни линкови

Минатата година биле фрлени 42 милиони тони „е-отпад“


Речиси 42 милиони тони е-отпад биле фрлени во целиот свет во 2014 година. Е-отпадот е дефиниран како било кој уред со електричен кабел или батерија, а во студија на Обединетите нации објавена денеска се вели дека само 6 и пол тони минатата година биле земени за рециклирање. Во извештајот на Универзитетот на Обединетите нации се проценува дека отфрлените материјали, вклучително злато, сребро, железо и бакар, вределе околу 52 милијарди долари. Соединетите држави се водечки во фрлањето на е-отпад со над 7 милиони тони во 2014 година, пред Кина со 6 милиони, а потоа следуваат Јапан, Германија и Индија, се вели во студијата. Норевшка води во создавањето на отпад по глава на жител, со фрлени 28 килограми по жител, а потоа следуваат Швајцарија, Исланд, Данска и Британија. На оваа листа САД се на девето место, а Кина не е меѓу првите 40.

XS
SM
MD
LG