Достапни линкови

logo-print

Тинејџери планирале терористички напад во Мелбурн


Полицијата во Австралија вели дека тинејџери инспирирани од екстремистичката група на Исламската држава планирале голем терористички напад во Мелбурн. Полицијата соопшти дека пет мажи на 18 и 19 годишна возраст денеска биле уапсени во градот, бидејќи планирале да извршат напад следната недела, кога треба да се одржи церемонија во Мелбурн во чест на австралиските армиски сили кои се бореле во Турција за време на Првата светска војна. Владата на Австралија го зголеми нивото на предупредувања за тероризам во земјата, како одговор на заканите од домашните поддржувачи на групата на Исламската држава. Во септември 2014 година, портпаролот на ИД, Абу Мохамед ал Аднани побара групата да изврши напади во странство, особено споменувајќи ја Австралија.

XS
SM
MD
LG