Достапни линкови

Продолжува истрага за падот авионот на Малезија Ерлајнс


Холандија соопшти дека откако биле идентификувани сите жртви од падот на авионот на Малезија Ерлајнс, напорите ги пренасочува кон пронаоѓање на одговорните за стрелањето врз авионот над Украина во јули минатата година. Во трагичниот инцидент загинаа 298 луѓе, главно државјани на Холандија. Во минатиот месец, холандските медиуми јавија дека на местото на падот бил пронајден железен дел, најверојатно од руска ракета. Москва повторува дека авионот бил соборен од украинската армија.

XS
SM
MD
LG