Достапни линкови

Клинтон утре ќе ја објави кандидатурата за претседател


Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон утре се очекува да објави дека ќе се обиде да стане првата жена претседател на Соединетите Американски Држави. Клинтон која е и поранешната прва дама се очекува кандидатурата во својата Демократска партија да ја објави утре преку видео порака на социјалните мрежи. Таа во 2008 година ја загуби номинацијата од Барак Обама. Ако сега ја добие номинацијата во својата партија и стане кандидат на демократите Клинтон ќе се соочи со победникот од Републиканската партија. Меѓу кандидатите за претседател во таа партија, пак, е и поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш, брат на поранешниот претседател Џорџ Буш.

XS
SM
MD
LG