Достапни линкови

logo-print

Истрагата за Пуч завршена, одлука на обвинителството за 15 дена


Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Истрагата за случајот Пуч, во која четврто обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев е завршена. Заев вчера повеќе од пет часа даваше исказ во обвинителството по што изјави дека неговата одбрана е вистината за Македонија. Тој воедно побара повлекување на случајот. Законот налага дека сега Јавниот Обвинител има рок од 15 дена да покрене обвинителен акт. Заев е обвинет за насилство спрема највисоките државни органи. Меѓу обвинетите е и екс-разузнавачот Зоран Верушевски.

XS
SM
MD
LG