Достапни линкови

Протестен марш на опозицијата во Битола


Во Битола СДСМ синоќа одржа протестен марш под мотото „Вистината за Македонија“. Маршот го предводеа членовите на најтесното партиско раководство на СДСМ и на други политички партии од опозицијата. Лидерот на СДСМ Зоран Заев меѓу другото рече дека она што го поседуваат се докази и аргументи, за кои како што изјави, ќе им помогнат на граѓаните да се врати слободата и демократијата во Македонија. Претходно СДСМ во Битола ја објави снимки од телефонски разговори за кои тврди дека покажуваат партиски вработувања, сомнителни финансиски трансакции на битолскиот градоначалник Владимир Талески и повреди на процесот на лустрација. На ова реагираше ВМРО ДПМНЕ со обвинувања дека, како што е наведено, опозицијата продолжувала со сценариото за дестабилизација со кое им наштетува на интересите на Македонија и на граѓаните.

XS
SM
MD
LG