Достапни линкови

Белата куќа нема да кажува кој ја хакирал во октомври


Џош Ернст

Џош Ернст

Белата куќа одби да го именува изворот на хакерскиот напад врз нејзиниот некласифициран систем на електронска пошта откако се појавија наводи дека нападот дошол од Русија. „Во овој момент нашите истражители решија дека не е во наш најдобар интерес да го идентификуваме изворот“, изјави претставникот на Белата куќа Џош Ернст. Тој додаде дека тајмингот кога се случи хакерскиот напад, октомври лани, кога Москва и Вашингтон работеа на иранските нуклеарни преговори, е индикација за сложените односи меѓу двете земји. „Русија се обвинува за се“ изјави претходно Дмитри Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, откако некои американски медиуми јавија дека зад нападот стоела Русија.

XS
SM
MD
LG