Достапни линкови

Католиците го слават Велигден


- Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден.

Традиционално во Македонија, централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, со велигденска воскресна литургија.

Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, честитајќи им го Велигден на католичките верници на литургијата ја прочита велигденската порака.

-Со оваа најубава литургија во Католичката црква го празнуваме и најголемиот настан на спасението кој произлегува и ја надминува нашата историја, а тоа е настанoт на Христовото Воскресение, рече бискупот.

Поглаварот на Римокатоличката црква Франциско денеска ќе одржи миса и ќе ја упати традиционалната велигденска порака Урби ет орби.Тој вчера на Велигденското бдеење во Базиликата Св. Петар во Ватикан ги повика верниците да размислат за улогата на жените во христијанството, потсетувајќи дека жените биле први кои го посетиле Исусовиот гроб и виделе дека е празен.

XS
SM
MD
LG