Достапни линкови

Најмалку 54 жртви во потонат руски брод


Најмалку 54 лица загинале, а 15 се водат како исчезнати откако руски рибарски брод вчера потонал во западниот дел на Тихиот Океан во близина на полуостровот Камчатка. Во бродот, како што јавуваат новинските агенции, имало 132 рибари и членови на екипажот. Шеесетина од нив биле спасени и со хеликоптер пренесени во болница. Досега нема наводи зошто дошло до несреќата.

XS
SM
MD
LG