Достапни линкови

logo-print

Европската Комисија засега нема да прати експерти во обвинителството


Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека Европската Комисија нема во моментов нема да врши надворешната експертиза во содржината на која било поединечна кривична постапка. Ваков одговор испратила Европската комисија на барањето за испраќање меѓународни експерти, кои би биле во тек со предметите кои ги води обвинителството, произлезени од последните актуелни случувања.

Комисијата истакнала дека единствено надлежно тело да ја цени објективноста или транспарентноста на активностите на јавните обвинители е судот од прва инстанца и апелационот суд во случај на жалба. „Јавното обвинителство ја искажува својата отвореност и покана за меѓународни експерти од ЕУ. Ценејќи ги домашните закони и европските стандарди, а во насока на намалување на сомневањата во јавноста, Јавното обвинителство и натаму ќе продолжи со транспарентноста и подготвеноста за соработка со сите релевантни фактори“, се вели во соопштението.

Оттаму наведуваат дека Јавното обвинителство иако има капацитет и единствена законска недлежност за водење на истражна постапка, сепак ја поканија Европската Комисија преку свои претставници, а во интерес на јавноста и заради намалување на сомнежите за објективноста во постапувањето, да сведочи за транспарентноста и објективноста во работата на јавните обвинители.

XS
SM
MD
LG