Достапни линкови

Заев: Груевски местел тендери и договарал провизии во милиони евра


Нечесноста на премиерот Никола Груевски е темата на 14-та таканаречена бомба на опозицијата. Претседателот на СДСМ Зоран Заев на почетокот на денешната прес конференција изјави дека ќе објави снимки од телефонски разговори со кои се покажува дека сиве овие години Груевски, по чија наредба се казнуваа и затвораа граѓани на секој чекор во име на правдата и законите, е всушност оној за кој не постои ниту закон, ниту устав, ниту совест.

Денеска сите ќе бидеме сведоци, рече Заев, како Груевски договарал проценти и провизии во милиони евра, правел незаконски упади во тендерски постапки, фаворизирал и местел фирми да добијат тендери, бесчуствително местел и луѓе да кршат закони за негови цели и интереси, како украл милиони евра народни пари преку тендерите за железницата и автопатите. Во првиот разговор што го презентира Заев, се слушаат, како што рече, Груевски и директорот на РЕК Битола Владо Чинговски, како договараат тендер што треба да го добие сопственикот на Сител телевизија Горан Ивановски.

XS
SM
MD
LG