Достапни линкови

logo-print

Украински воен хеликоптер се урнал во Киев


Илустрација.

Илустрација.

Едно лице загинало и двајца се повредени откако денеска украински воен хеликоптер се урнал во регионот на Киев. Канцеларијата на регионалниот обвинител во Киев соопшти дека загинал полковник, а капетан и мајор биле повредени кога хеликоптерот од типот МИ-24 се урнал во близина на селото Винитски Стави. Се уште не е јасно каква била мисијата на екипажот во Киев. Урнувањето на воениот хеликоптер се случува во услови на несогласување меѓу претседатело Петро Порошенко и гувернерот на источниот регион Дниепропетровск Игор Коломојскиј, околу промена на раководството на украинската нафтена компанија.

XS
SM
MD
LG