Достапни линкови

logo-print

И натаму постојат разлики за нуклеарната програма на Иран


Иранскиот министер за надворешни работи, Џавад Зариф соопшти дека и натаму постои јаз во разговорите за нуклеарната програма на Tехеран, кои земјата ги води со САД и другите големи сили. Зариф ова го изјави по разговорите со државниот Секретар на САД, Џон Кери во Швајцарија. „Решенијата се на дофат, но се уште има разлики во одредени области, рече Зариф. Иранска делегација потоа имаше средби со европски министри. Висок претставник на САД беше цитиран како вели дека „се уште мора да се направат некои тешки одлуки за да се одговори на значајните прашања во врска со нуклеарната програма“.

XS
SM
MD
LG