Достапни линкови

ЕУ изрази загриженост за военото зајакнување на Крим


Европската унија соопшти дека ќе се држи до својата политика на непризнавање на руската анексија на Крим и изрази загриженост, за како што велат, военото опремување на полуостровот. Шефот на надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини денеска рече дека 28-те земји членки „цврсто се посветени на почитувањето на сувеверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Изјавата на Могерини доаѓа на годишнината од референдумот со кој Русија ја оправда анексијата на Крим, а која Киев, ЕУ, САД и други земји ја сметаат за незаконска. Могерини рече дека ЕУ го осудува кршењето на меѓународното право.

XS
SM
MD
LG