Достапни линкови

Жерновски - Изборни манипулации во Општина Центар


Исклучување лифтови, гласачи од Пустец, купување советници, поништување избори, се дел од работите што ги објави градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Општина Центар на премиерот Никола Груевски и на шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и нивниот тим очигледно им била најсветото нешто и општина која морале да ја добијат на изборите, особено поради проектот Скопје 2014, односно за сокривање на криминалот во неговото спроведување, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Тој денеска презентираше прислушувани разговори на кои, според него, може да се слушне што се правела власта за време и по гласањето во Центар.

Денеска ќе обелодениме нови докази за злоупотреби од страна на власта на Никола Груевски, па дури и за обид за нудење поткуп на советници, со цел да се блокира Советот на општината откако им станува јасно дека нивниот кандидат, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ги загубил изборите во Центар.

„Денеска ќе обелодениме нови докази за злоупотреби од страна на власта на Никола Груевски, па дури и за обид за нудење поткуп на советници, со цел да се блокира Советот на општината откако им станува јасно дека нивниот кандидат, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ги загубил изборите во Центар“, вели тој.

Во еден од разговорите, според Жерновски, може да се слушне министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска како разговара со министерот за здравство Никола Тодоров каде да ги сместа фантомските гласачи од Пустец.

Женски глас: Ја на ДИК, она што ми бараа за избирачкиот список, не им го одговарам и сé уште им го немам одговорено за Центар, пошто...

Машки глас: Тоа што ни го наместија овие, мамето нивно.

Женски глас: Да. Пошто, како и да одговорам, не ни оди у прилог. Ја имам еден одговор округло па на ќоше, ама пак има, они со име и презиме ги бараат луѓево, знаеш. И има едно 50 луѓе за кои стварно, ништо не може да се измисли.

Машки глас: Хахаха, хахаха.

Женски глас: Другиве нешто, ааа ууу, ааа ууу што, а овие мислам нема, шо и да кажеш, жив си фатен, хахаха, хахаха.

Беа презентирани и разговори во кои Миле Јанакиески, според Жерновски, издавал налог да не работат лифтовите за да не гласаат старите лица.

Прв машки глас: Инаку, не работеа лифтовите од сабајле.

Втор машки глас: Не?

Прв машки глас: Не.

Втор машки глас: Сега идам тука баш кај мене, да видам што се дешава. Што ќе се дешава брат?

Прв машки глас: Че попиздат овие.

Втор машки глас: Добро иде сеа?

Прв машки глас: Не знам, че видиме.

Втор машки глас: Ти кај си?

Прв машки глас: Ама, лифтовиве не работат, хахаха.

Втор машки глас: Хахаха. Леле, ќе биде циркуз, ќе викаат, ќе умрат.

Прв машки глас: А?

Втор машки глас: Ќе викаат, ќе умрат.

Прв машки глас: Може да слезат од 15 спрат стариве? Не?

Втор машки глас: Не бе, какво слегување.

Потоа, што сè правела власта за нарачка на неважечки ливчиња за оспорување на победата на Жерновски, за притисоци врз наставниците, но и како да ги бришат доказите во компјутерите општина Центар во разговорот помеѓу, како што вели Жерновски, Јанкулоска и соговорник.

Машки глас: Ќе ги внесат сабајле се, сеа баш со Мацко зборуваше дојди вика и да му пуштам човек да му бриши све од хард диск све од компјутер, да чисти се.

Женски глас: Ле ле ле.. нема, шо може ќе помагаме, сеа тоа е...

Меѓу разговорите беше презентиран и еден каде, според Жерновски, може да се слушнат гласовите на Јанакиески и Мијалков во кој договараат поткуп на советник од Општина Центар.

Прв машки глас: Ова сеа што ми го прати, што е? Готово решение?

Втор машки глас: Да, да, решение, само да уплати тоа. Мислам, може ние да му платиме, ама мора тој да се потпиши, и да му издадеме денеска согласност.

Прв машки глас: Што да му дадете денеска?

Втор машки глас: Согласност дека му е легализирана куќата. Оти, два чекори се. Прво му се издава урбанистичка согласност...

Прв машки глас: Значи, што има кај мене сеа денеска? Кој документ го има кај мене?

Втор машки глас: Урбанистичка согласност и пресметка колку пари треба да плати за легализацијата.

Прв машки глас: Аха.

Втор машки глас: Тоа кога ќе го плати, врз база на уплатата му се издава решение, односно, објектот дека му е...

Прв машки глас: Ок, шо да му речам? Да му речам, тоа ти е од нас.

Втор машки глас: Да.

Прв машки глас: И така, за добредојде.

Потоа Жерновски рече дека се работи за советникот Никола Ѓорѓиевски кој не подлегнал на притисокот. Тој најави дека слични прес-конференции ќе има и во другите градови и општини.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG