Достапни линкови

logo-print

Гувернерот на рускиот регион Сахалин е уапсен за корупција


Sakhalin Region Governor, Aleksandr Khoroshavin.

Sakhalin Region Governor, Aleksandr Khoroshavin.

Долгогодишен гувернерот на рускиот регион Сахалин во далечниот исток на Русија, е обвинет за примање мито и со лисици на рацете беше пренесен во Москва, како дел од корупциска истрага.

Портпаролот на истражниот кометет Владимир Маркин, рече дека гувернерот на Сахалин, Александар Хорошавин и некои од неговите соработници се осомничени за примање поткуп во значителни количини. Маркин вели дека полицијата нашла голема количина пари и скап накит во домовите на Хорошавин и неговите соработници во Сахалин и во Москва.

Медиумите цитираа неименувани извори во Сахалин како велат дека притворот за Хорошавин и неговите соработници е поврзан со истрага на активностите на двете најголеми компании во регионот и дека претставниците на компаниите се осомничени за измама, проневера и затајување на данок. Хорошавин е на власт во Сахалин од 2007 година.

XS
SM
MD
LG