Достапни линкови

Заев-Ставрески ја потврди автентичноста на снимките


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека министерот за финансии Зоран Ставрески со неговото излагање ја потврдил автентичноста на снимките и имал примедба само на селективноста на материјалите кои се објавени. Според Заев, совесноста на Ставрески се приметувала во објавените прислушувани разговори и несогласувањата со политиките на власта. Но, Заев за време на интервјуто на телевизијата Телма кое се емитува во моментов потенцира дека доколку не се согласувал Ставрески можел да даде оставка од својата функција.

„Ставрески може или да даде оставка или да ги негира снимките, рече Заев.

Тој додаде дека мета на прислушување биле повеќе од половина министри во Владата. Заев на денешната пресконференција објави прислушувани разговори помеѓу Ставрески и министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во која зборуваат за неконтролираното трошење на буџетските пари.

Ставрески претходно изјави дека прислушуваните разговори биле нецелосни и со селективна природа и имале за цел да внесат раздор во економскиот тим на Владата. Според него, сето тоа што Заев го зборувал денеска не е дел од реалноста, односно слушнале замена на тези и селективни разговори , надвор од вистинскиот контекст.



XS
SM
MD
LG