Достапни линкови

logo-print

Германија одобри продолжување на финансиската помош за Грција


German Finance Minister Wolfgang Schaeuble.

German Finance Minister Wolfgang Schaeuble.

Долниот дом на германскиот Праламент, Бундестагот, денеска со големо мнозинство го одобри четиримесечното продолжување на програмата за финансирање на Грција, со псоебен нагласок на учесниците во парламентарната расправа дека Атина мора да ги почитува преземените обврски.

„За“ продолжување на помошта за Грција се изјаснија 542 од вкупно 631 пратеник во Бундестагот. На гласањето му претходеше обраќање на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле кој апелираше до пратениците да го демонстрираат „европското единство“, нагласувајќи дека не станува збор за нов пакет-помош за Грција.

„Не се работи за нова помош, ниту има какви било измени, туку ова е само давање дополнително време постоечката програма да се спроведе до крај, изјави Шојбле, во повикот до пратениците да го поддржат продолжување на финасирањето на Грција, мерка на која според анектите се противат мнозинството Германци.

XS
SM
MD
LG