Достапни линкови

Затрупани четири лица во рудник за јаглен во БиХ


Босанските локални власти стравуваат оти во лизгање на земјиште во површинскиот коп на рудник за јаглен загинале најмалку четири лица. Инспекторот за рудници, Нурага Дурановиќ изјави дека се верува оти четирите лица биле затрупани во околу 5000 кубни метри почва и спасувачките екипи се обидуваат да ги откопаат.

Лизгањето на земјиштето во рудникот Дубраве во близина на градот Тузла се случило вчера, по што се верува дека бил предизвикан земјотрес. Според властите, лицата влегле во рудникот илегално најверојатно со цел да крадат јаглен.

XS
SM
MD
LG