Достапни линкови

Продолжен притворот на украинската пилотка


Судот во Москва и го продолжи истражниот притвор до 13 мај на пилотката на украинскта армија, Надја Савченко. Таа веќе 60 дена штрајкува со глад во знак на протест против нејзиниот притвор, а беше обвинета од страна на руските официјални лица за вмешаност во минофрлачки напад во Украина кој загинаа двајца руски новинари. Савченко била фатена од проруските сепаратисти во источниот дел на Украина и во јули беше пренесена во Русија. Судот ги отфрли предлозите на адвокатите на Савченко да биде замент судијата Артур Карпов и таа да биде ослободена со кауција.

XS
SM
MD
LG