Достапни линкови

Расте бројот на азиланти во Германија


Германското Министерство за внатрешни работи денеска ги објави податоците на Сојузниот завод за миграција и бегалци, кои покажуваат дека бројот на барањата за азил од косовските граѓани за Германија е во пораст.

Според податоците граѓаните на Косово во јануари годинава поднеле вкупно 3.630 барања за азил во Германија и со тоа се покажува тенденцијата на постојан раст. Во декември минатата година од Косово пристигнале 1.956 барања за азил, а во ноември лани имало 1.622 барања.

Граѓаните на Србија во јануари годинава поднеле 3.328 барања, а во декември лани вкупно 3.369, покажува статистиката.Спредбројот на поднесени барања за азил во Германија на прво место се граѓаните на Сирија, а потоа следат Косово, Србија, Албанија, Авганистан, Ирак, Македонија и Босна.

XS
SM
MD
LG