Достапни линкови

Средба Лавров и Зариф во Минхен


Министрите за надворешни работи на Русија и Иран разговараа за меѓународните напори за решавање на ќор-сокакот околу нуклеарната програма на Техеран. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров се состана со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, на маргините на меѓународна конференција за безбедност во Минхен. Шесте глобалните сили и Иран преговараат за договор со кој ќе ги прекине нуклеарната програма на Иран и ќе се намалатстравовите на Западот дека исламската нација може да се развие нуклеарно оружје, во замена за ослободување од санкции, кои штетно влијаат на нејзината економија. По неколку години разговори, тие бараат политички рамковен договор до крајот на март и целосен договор до 30 јуни. Претходно американски официјален претставник изјави декадржавниот секретар Џон Кери "ја потврдил желбата за создавање на политичката рамка до крајот на март" за време на состанокот со Зариф во Минхен вчера. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека Лавров и Зариф, исто така, разговарале за билатералните врски и ситуацијата на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG