Достапни линкови

Меркел и Оланд во Москва со мировен план за Украина


Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во Москва ќе му го презентираат на рускиот претседател Владимир Путин нивниот нов мировен план за Украина. Вчера тие во Киев за планот разговараа со украинскиот претседател Петро Порошенко. Досега не се објавени детали од планот, но Порошенко изјави дека дава надеж за прекин на огнот во источна Украина каде што во борбите од април лани досега загинале над пет илјади и триста луѓе. Претходно Порошенко во Киев имаше средба со американскиот државен секретар Џон Кери.

XS
SM
MD
LG