Достапни линкови

ММФ не преговарале со Грција за отпис на долгот


Меѓународниот монетарен фонд денеска соопшти дека досега не преговарале со Атина за отпис на долгот на земјата. ММФ заедно со Европската унија и Европската централна банка ја сочинува „тројката“ кредитори на Грција. „Постои утврдена рамка за долгот во сегашната програма за спас и нема преговори за нејзина промена, соопштија од Фондот.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во изјава за италијанскиот весник „Република“ рече дека Атина започнала преговори со ММФ во врска со нејзиниот предлог за замена на грчкиот долг за државни обврзници, како дел од напорите на новата Влада за негово преструктуирање. Во рамки на програмата за спас одобрена од „тројката“ кредитори, на Грција во 2010 година и беше одборена позајмица од 240 милијарди долари, во замена за спроведување на строги мерки на штедње и приватизација на државните претпријатија.

XS
SM
MD
LG