Достапни линкови

logo-print

Војници од Чад во напад против Боко Харам во Камерун и Нигерија


Воените сили на Чад ги нападнаа милитантите од Боко Харам во Камерун и Нигерија. Од војската на Чад соопштија дека убиле 123 милитанти во дводневните борби во северниот дел на Камерун, а притоа загинaле и тројца војници на Чад. Тие распоредија свои војници за да му помогнат на Камерун во битката со Боко Харам.

Воздухопловните сили на Чад, исто така, го бомбардираа градот Гамбору во Нигерија.

Претходно африканските лидери се согласија да испрати околу 7.500 војници во борбата против Боко Харам. Африканската унија одобри да се испратат војници од Нигерија, Чад, Камерун, Нигер и Бенин.

XS
SM
MD
LG