Достапни линкови

Претседателот на Египет го прекина патувањето поради нападите во Синај


Илустрација

Илустрација

Претседателот на Египет денеска го прекина патувањето во Етиопија, откако египетското крило на милитантната група, Исламска држава, ја презеде одговорноста за нападите во кои загинаа најмалку 30 припадници на безбедносните сили на Синајскиот Полуостров.

Во соопштението на кабинетот на претседателот Абдел Фатах ал – Сиси се вели дека тој веднаш ќе се врати во Каиро од Етиопија, каде присустуваше на самитот на Африканската унија.

Четрите одвоени напади врз безбедносните сили на Синајскиот Полуостров, што се случија вчера, беа најкрвавите во последните години. Повеќето од смртните случаи се случиле во бомашки напад врз воен хотел и база во главниот град Ал Ариш.

Извори од безбедносните служби во Синај велат дека најмалку пет лица се во критична состојба и дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми. Денеска две деца, едно на 6 месечна возраст, починаа од претпените рани од минатата ноќ. Исламистичкиот бунт на Синајскиот Полуостраов, се интензивираше откако армијата на Египет го собори претседателот Мухамкед Морси од Муслиманското братство, во јули 2013 година.

XS
SM
MD
LG