Достапни линкови

Гостиварец припадник на ИД убиен во Сирија


Сирија

Сирија

Уште еден граѓанин на Македонија е убиен на боиштата во Сирија, како припадник на милитантната Исламска Држава. Станува збор за Садик Џемаили од селото Здуње, Гостиварско.

Како што пренесуваат медиумите на албански јазик, 25 годишниот Џемаили последен пат ја минал границата на Македонија во септември лани, преку преминот Ќафасан, на македонско-албанската граница кај Струга, кога се верува дека заминал за да им се приклучи на припадниците на ИД.

Гостиварцот Џемаили е четириесетиот Албанец од Македонија кој гине на боиштата во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG