Достапни линкови

Порошенко обвини дека има 9 илјади руски војници во Украина


Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко.

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска ја обвини Русија дека испратила повеќе од девет илјади војници на украинска територија. Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, тој побара од Русија веднаш да ги спроведе обврските преземени според мировниот план од Минск, да ја затвори границата кон Украина и да ги повлече сите странски војници од украинска територија. Порошенко рече дека покрај војската, на украинска територија има и околу 500 руски тенкови, тешка артилерија и оклопни возила. Претходно, во интервју тој рече дека Русија испратила дополнителни војници, тенкови и оклопни возила на украинска територија во изминатите денови. Според него, тоа е јасна форма на агресија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли овие обвинувања како неосновани.

Обвинувањата од Порошенко доаѓаат во пресрет на средбата на министрите за надворешни работи од Украина, Русија, Франција и Германија во Берлин, на која треба да разговараат за ситуацијата во Украина.

XS
SM
MD
LG