Достапни линкови

Меѓународниот суд ќе испитува можни воени злосторства во Палестина


Обвинителите на Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг соопштија дека отвориле истрага за можните воени злостортства извршени на палестинските територии, потег кој може да резултира со обвинување против Израелците или Палестинците. Обвинителот Фатоу Бенсоуда вчера рече дека ќе спроведат првична истрага целосно независно и непристраносно. Палестинската влада ја призна јурисдикцијата на судот месецов и побара да се испитаат можните воени злосторства на палестинските територии откако Израел ја започна офанзивата во Газа во јуни лани. Израел, кој не е член на меѓународниот суд, го нарече соопштението на судот скандалозно. Според израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман истрагата е единствено мотивирана од политички анти-Израел размислувања и е обид да се направи штета на правото на Израел да се бранел себе си од теророт.

XS
SM
MD
LG