Достапни линкови

Оланд испраќа носач на авиони за борба против Исламската држава


Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека неговата земја испраќа носач на авиони кој треба да помогне во воените операции против Исламската држава во Ирак „со поголем интензитет“. Зборувајќи денеска на носачот на авиони Шарл де Гол во Средоземното Море, Оланд рече дека бродот тесно ќе соработува со меѓународната коалиција за борба против милитантите од Исламската држава во Ирак и во Сирија предводена од САД.

Тој рече дека минатонеделните нападите од исламистичките милитанти во Париз „го оправдуваат“ испраќањето на францускиот носач на авиони. Тој исто така рече дека жали што „меѓународната заедница не реагирала во соодветно време да ги запре масакрите во Сирија и да ги спречи екстремистите да освојат уште поголема територија“.

XS
SM
MD
LG