Достапни линкови

И контра-пленумот бара прием кај претседателот Иванов


Илустрација.

Илустрација.

Професорите од Граѓанската иницијатива за поддршка на реформите во високото образование бараат прием кај претседателот Ѓорге Иванов за да го запознаат со нивните активности и ставови за измените на Законот за високото образование кои во втора фаза поминаа во матичната собраниска комисија. Во писмено барање до шефот на државата, иницијативата која се појави како пандан на Професорскиот пленум, истакнува дека се убедени оти претседателот верува во потребата за поквалитетно високо образование, во интерес на студентите, професорите и во интерес на развојот на Република Македонија.

Инаку, претседателот Иванов денеска ќе ги прими претставниците на Професорскиот и на Студентскиот пленум, кои сакаат да му ги образложат нивните ставови во врска со измените на Законот за високо образование. Тие бараат, ако Собранието ги донесе измените, претседателот да стави вето.

XS
SM
MD
LG