Достапни линкови

Екстремна претпазливост на утрешниот собир во Париз


Францускиот министер за внатрешни работи, Бернард Казеневе, повика на „екстренмна претпазливост“ откако пред три дена се случија нападите на вооружените лица во кои имаше 17 жртви. Тој денес соопшти дека владата воведува стотици воени трупи како поддршка на илјадниците полицајци и другите безбедносни служби, додавајќи дека Франција ќе ги презеде „сите мерки“ за да ја осигура безбедноста на граѓаните за време на масовниот собир во Париз на 11 јануари, на кој се очекува да присуствуваат европските лидери, вклучително германската канцеларка, Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон.

Коментарите на Казеневе доаѓаат по итната денешна средба со францускиот претседател Франсоа Оланд. Тројцата напаѓачи беа убиени откако во последните неколку дена го нападнаа сатиричниот неделен магазин Шарли Ебдо, супермаркет и печатница. Еден соучесник на напаѓачите се уште е на слобода.

XS
SM
MD
LG