Достапни линкови

logo-print

Најнеизвесни претсдателски избори во Хрватска


Вториот круг од шестите претседателски избори од добивањето на независноста во Хрватска ќе се одржат утре, помеѓу кандидатите Иво Јосиповиќ, од партијата СДП и Колинда Грабар Китаровиќ од партијата ХДЗ. На полноќ настапи изборниот молк, а избирачките места ќе бидат отворени во седум часот наутро и ќе бидат затворени 12 часа подоцна. Право на глас имаат околу 3,8 милиони гласачи и е според анкетите кандидатите се во таканаречена мртва трка, при што претстојат најнеизвесни претседателски избори во историјата на државата.

XS
SM
MD
LG