Достапни линкови

Франција: илјадници полицајци и војници во потрага по осомничените


Илјадници полицајци и војници поддржани од хеликоптери ја пребаруваат областа северно од Париз, во потрага по двајцата осомничени за масакрот во сатиричкиот магазин Шарли Ебдо. Официјален претставник изјави дека повеќе од 88 илјади припадници на безбедносните сили се распоредени во целата земја, со зголемена концентрација во северниот регион Пикарди, каде што се смета дека Шериф Куаши и неговиот брат Саид вчера ограбиле бензинска пумпа. Браќата се осомничени дека го извршиле нападот врз просториите на магазинот, во кој загинаа 12 луѓе.

XS
SM
MD
LG