Достапни линкови

Разговорите со Иран продолжуваат на 18 јануари


Новите разговори за нуклеарната програма меѓу Иран и шесте светски сили треба да почнат на 18 јануари во Женева, соопштија ирански официјални претставници.Главниот преговарач Абас Aрaгхчхи на 6 јануари изјави дека разговорите ќе се одржат на ниво на заменици на министри за надворешни работи. Тој додаде дека претходно иранскиот преговарачки тим ќе има билатерални разговори со претставници на САД и Русија, на 15 јануари. Разговорите меѓу Иран и САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија - имаат за цел регулирање на нуклеарната програма на Техеран во замена за олеснување на меѓународните санкции. Двете страни имаат за цел постигнување на политички договор до март и сеопфатно решение до крајот на јуни. Иран ги негира наводите дека се обидува да произведе нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG