Достапни линкови

Ахмети се сретна со амбасадорот Волерс


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Претседателот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денеска се сретна со американскиот амбасадор Пол Волерс. Од партијата соопштија дека Ахмети и Волерс разговарале за политичките случувања во земјата и регионот, спорот за името и евроатланската интеграција, опозицијата и за следната соработка на ДУИ со американските власти во пресрет на заминувањето на актуелниот амбасадор и доаѓањето на новиот амбасадор Џес Бејли. Соговорниците се согласиле дека главен предизвик на Македонија е решавањето на спорот за името и интегрирањето на државата во НАТО. Ахмети го уверил Волерс дека ДУИ ќе ја продолжи соработката со официјален Вашингтон и побарал од САД напролет да ги интензивираат напорите за решавање на спорот за името бидејќи, како што се наведува „без интервенција на Вашингтон овој проблем тешко се решава“.

XS
SM
MD
LG