Достапни линкови

Трагична новогодишна ноќ во Шангај


Најмалку 35 луѓе ги загубија животите, а 42 се повредени за време на масовната прослава на Нова година во кинеската метропола Шангај кога се случило стампедо, јави агенцијата Синхуа. Според агенцијата, масовното стампедо, за кое се уште нема информации што го предизвикало, се случило на познатиот плоштад Чен Ји на кејот Вајтан, каде што традиционално за време на големите фестивали се собираат многу жители на Шангај. Повредените се пренесени во болница, а местото на несреќата е затворено од полицијата. На фотографии објавени на социјалните мрежи се гледаат екипи на брза помош како се обидуваат да им пружат реанимација на жртвите кои лежат на тротоарите, а во близина се амбулантни возила. Катастрофалниот хаос се случил во текот на јавниот настан по повод Новата година. Според очевидци, кон брегот се упатиле неколку големи групи луѓе, а полицијата не успеал да се справи со толкавиот прилив луѓе.

XS
SM
MD
LG