Достапни линкови

Електоронската контрола за лекарите во здравствените објекти ќе заврши исто како и сите претходни закони на оваа власт во здравството, велат лекарите. Сметаат дека овие измени се небулозни и задираат во интегритетот на докторот.

Со воведување на нов информациски систем во јавните здравствени установи, Министерството за здравство ќе врши електронска контрола за доаѓањето и заминувањето на здравствените работници и евиденција за нивното присуството во амбулантите, операционите сали и другите простории.

Сметам дека повеќето од докторите ентузијастички работат и си ја сакаат својата работа, професијата. Со вакви закони ти тие што ја сакаат , ќе ја замразат, ќе им се одмили да одат на работа. Премногу казни и во здравството и во образованието мене ми пречат.

​Ова е предвидено со новите измени на Законот за здравствена заштита, за кој собраниската Комисија за здравство констатираше дека е прифатлив и дека ќе оди на понатамошно читање. За контролата врз лекарите во здравствените објекти ќе бидат поставувани скенери со биометриски сензори, кои ќе ги содржат личните податоци на вработените, се вели во текстот.

Доктор Никола Пановски од Медицинскиот факултет, вели дека моментално во сите здравствени установи постои електронска евиденција за присуство, а за следењето на лекарите во текот на работата, вели дека правниците треба да кажат колку е тоа законски и уставно.

Се надевам дека ќе се организираат и ќе преземат мерки преку институциите, пред се Лекарската комора, затоа што ваквиот начин на следење задира во личниот интегритет на докторот.

„Мислам дека тоа една серија на материи кои не треба да се уредуваат со закон, туку со упатства, и е сличен на претходни закони, како што беше оној според кој беа потрошени милион евра за камери, а мислам дека ни една не функционира, а требаше Министерството да ги снима ходниците во здравствените установи, чекалните. Закон за тоа какви да бидат униформите, како лекарите да се насмевнуваат на пациентите, сестрата да го внесува пациентот, какви треба да бидат парфемите, да не биле јаки, да не се сонат мрежести чорапи, ќе ви кажам дека сето тоа не функционира до ден денес, бидејќи за некој од нив треба пари, а некои се многу бизарни како закони. Тоа е еден од серијата на закони кои ги навредува докторите пред се, дека тие забошотуваат итн. Сметам дека повеќето од докторите ентузијастички работат и си ја сакаат својата работа, професијата. Со вакви закони ти тие што ја сакаат , ќе ја замразат, ќе им се одмили да одат на работа. Премногу казни и во здравството и во образованието мене ми пречат“, вели Пановски.

Доктор Владимир Борозанов, исто така, посочува дека со години наназад постојат вообичаени начини за контролирање на присуството на лекарите со картички или со пријавување кај службите дека лекарот го напуштил работното место, а со електронското следење, вели, се задира во личниот интегритет на докторите.

„Во која било здравствена ординација со години наназад, со векови, дали кај нас или на друго место, идентификацијата за присуство има вообичаен начин на контролирање. И пред неколку години имаше иста иницијатива и ние во тоа време успеавме да добиеме негативно мислење на од републичкиот Јавен правобранител и од Агенцијата за заштита на лични податоци затоа што тоа се косеше со основните човекови права и интима. Се надевам дека ќе се организираат и ќе преземат мерки преку институциите, пред се Лекарската комора, затоа што ваквиот начин на следење задира во личниот интегритет на докторот “, изјави Борозанов.

Доктор Пановски додава дека досега во здравството се потрошени многу пари за работи кои не функционираат, кои се тешки за одржување и за кои е потребно да се вклучат многу административни работници.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG