Достапни линкови

logo-print

Во тек е студентскиот протест пред владата во Скопје


Денеска пред Владата на Македонија започна протест, организиран од Студентски пленум, против полагањето државен испит и реформите во образованието. Пленумот ги повикува граѓаните, студентите, професорите, родителите, средношколците и пензионерите, да излезат и да ги поддржат, а со тоа да не дозволат да продолжи, како што се наведува „монологот на владата“.

Непосредно пред почетокот на најавениот студентски протест, на Филозофскиот факултет беше формиран „Професорски пленум“.

Професорката Гордана Силјановска ја објави одлуката на Ректорската управа, која побара одложување на измените во образованието. На настанот се обратија и професори од Штуловиот универзитет и од Педагошкиот факултет, кои на албански јазик нагласија дека не е важна етничката припадност, туку целите за кои се борат.

Потоа професорите со транспаренти на кои пишува „За реформи, не за про форми„ и „Уште глави за заокружување - Професорски пленум“ се упатија кон Владата.

Деновиве премиерот Никола Груевски, оцени дека државниот испит ќе овозможи поквалитетен високообразовен кадар и оти студентите кои учат нема да имаат проблеми при полагањето.

XS
SM
MD
LG