Достапни линкови

logo-print

Груевски: Надеж, но не и очекувања за решавање на спорот за името


Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски.

Архивска фотографија: Премиерот Никола Груевски.

Има надеж дека Грција во даден момент ќе најде сила да се надмине прашањето за разликите за името, изјави денеска премиерот Никола Груевски, по средбата со коалиционите партнери. Тој рече дека не може да наведе дека има конкретни планови и очекувања за решавање на спорот за името за следната година, одговарајќи на новинарско прашање. Правиме сè што можеме и сè што е во наша моќ, додаде премиерот, но додаде дека решавањето на проблемот во најголема мера зависи од Атина.

XS
SM
MD
LG