Достапни линкови

Во Пакистан тридневна жалост по масакрот во училиштето


Во Пакистан почна тридневната национална жалост за 132 деца и девет возрасни кои беа убиени во вчерашниот вооружен напад во едно воено училиште во Пешавар. Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за нападот, наведувајќи дека тоа било одмазда за големата воена офанзива на пакистанската војска во тој регион. Премиерот Наваз Шариф оцени дека нападот бил национална трагедија предизвикана од дивјаци. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека терористите уште еднаш ја покажале својата изопаченост.

XS
SM
MD
LG